Загадувањето коси- зема повеќе од 1600 животи годишно
Градовите во Македонија секоја зима се меѓу светските рекордери на загаден воздух, а очекувањата за престојната сезона со аерозагадувањето е да биде уште полоша, со оглед на најавите за зголемена употреба на мазут и јаглен.
25 Минути истражува зошто не постои централна акредитирана лабораторија која го следи квалитетот на воздухот што го дишеме, која е причината поради која од година в година во земјава умираат сѐ поголем број на граѓани од загаден воздух, но и зошто досега никој не поднесе одговорност за нарушувањето на животната средина.
Гости во 25 минути се Каја Шукова, државна секретарка во Министерство за животна средина и просторно планирање, Давор Пехчевски, програмски координатор во Еко Свест, докторката Маја Кирјас од Клиничкиот центар, и новинарката Светлана Јовановска од Брисел, Белгија.