Кога не сте расположени, сетете се на елката во Скопје
Колку отчетноста и транспарентноста е помала, па и дури за поставување на обична новогодишна елка на еден плоштад, толку и сомневањата на граѓаните се поголеми, а со сомневањата доаѓа и недовербата кон тие кои донесуваат одлуки.
25 минути не доби одговор од Кристина Депо од ПР во Кабинетот на Данела Арсовска за јавната набавка на новогодишното украсување.
Гости во 25 минути се Трајко Славевски, претседател на Совет на Град Скопје, Давид Дупре, раководител на одделот за Јавен живот во Transparency International во Франција, и Марија Ристеска, основач и извршен директор на Центарот за истражување и креирање политики.