Актуелното раководство на Друштвото на писатели на Македонија е бирано, рабтело и продолжува да работи по неважечки Статут, спротивно на Закон. Статутот кој е поднесен до Централниот регистер е сосема различен од Статутот кој е објавен на Веб страната на ДПМ.
Оттука, ДПМ има Статути- еден пред Законот и државата, а другиот, кој е јавно објавен, е незаконски. Функцијата претседател на ДПМ според Статутот доставен до Централен регистер има мандат од 2 години, додека не постои воопшто функција претседател на Собранието. Според Статутот објавен на Веб страната, мандатот на претседателот на ДПМ е 4 години, како и мандатот на претседател на Собранието.
Гостинка е Соња Стојменска Елзесер, поранешна претседателка на Друштвото на писатели на Македонија, која објаснува како е можно да има два Статути, сосема различни, а членството не знае воопшто дека пред државата е поднесен сосема друг Статут.
Тони Гламчевски од Нанс Франција прави анализа- како француските писатели се сметаат за морал на вертикала и оттука, ги бранат моралните права.