Досега се пријавени 11 кандидати за претседател на државата- Вело Марковски, Билјана Ванковска, Томе Николовски, Бујар Османи, Господин Поповски, Максим Димитриевски, Стевчо Јакимовски, Арбен Таравари, Ѓорѓи Манасков, Мерсиха Смаиловиќ и Зорица Цветковска, а доставена е и една пријава за независен пратеник, како што информираше вечерва во „Топ тема“, претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Стево Пендаровски како кандидат на СДСМ и Гордана Силјановска Давкова се уште не се на списокот на пријавени во ДИК, затоа што нивните кандидатури ќе бидат официјализирани на конвенциите на двете партии на 2 и 4 март.
Даштевски вели дека ДИК не се доставени никакви забелешки за несоодветни услови од кандидатите кои собираат потписи, а доколку некој нешто такво пријави, веднаш ќе се излезе во пресрет.
Вкупно низ земјава има 34 подрачни единици, распоредени во сите поголеми градови, а во некои од подрачните единици има и по неколку вработени, а работното време е од 8-20 часот.