На денешната конвенција на ВМРО-ДПМНЕ, Сиљановска-Давкова е избрана да биде нивна кандидатка на претстојните претседателски избори. Од 448 делегати кои гласале, 444 гласале за кандидатурата на Силјановска-Давкова, која немаше противкандидат. Таа најави дека ќе ги собира и потребните 10.000 потписи од граѓаните.
Во своето излагање Силјановска-Давкова рече дека Македонија ја доживува како „преумна, храбра, образовна, културна жена“.
-Затоа мислам дека овој пример овде треба да го следи претседателката, но никогаш да не заборави на стручноста и на компетентноста, рече Силјановска-Давкова.