Русија објави аудио снимка од прислушкувани разговори на германски армиски офицери кои разговараат за снабдување на Украина со ракети со долг дострел и за можни цели.
Германскиот канцелар Олаф Шолц излезе со реакција за наводното прислушување:
„Она што е објавено таму е многу сериозна работа. И затоа сега сето се истражува многу внимателно, многу интензивно и многу брзо – и тоа е исто така неопходно”, изјави Шолц.