Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, вчера предизвика збунетост во политичкиот живот на Хрватска- најпрво со изборот на датумот на изборите, а потоа и со веста која ги шокираше сите: ќе биде кандидат за премиер на изборите на 17 април и носител ја листата на СДП во 1. изборна единица, пишува Јутарњи лист.
Милановиќ ќе оди на избори како непартиски кандидат и нема да ја напушти функцијата претседател, освен ако не победи на изборите, објави тој по драматичната прес-конференција на Фејсбук.