Синоќа е убиен 67 год. матичниот лекар А.Т, кој бил пронајден со убодни рани во неговиот автомобил на паркинг пред поликлиниката Железара.
Го пронашле неговите синови кои почнале да го бараат откако не се вратил дома од работа, соопшти МВР.
„На 21.03.2024 во 23.09 часот во СВР Скопје било пријавено дека во сопственото возило „Киа“ со скопски регистарски ознаки, на паркинг пред поранешната клиника Железара, со убодни рани по телото бил пронајден А.Т.(67) од Скопје. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт“, соопштија од полицијата.
Од Основното јавно обвинителство Скопје информираат дека е извршен увид на местото каде што било пронајдено телото на лекарот, дека издало наредба за обдукција, додека полицијата презема мерки за расчистување на случајот.