Синоќа во Куманово е запален и изгорен автомобилот на Мирсад Суроји, член на Судскиот совет, пренесува ТВ21.
Од МВР известија за настанот, и велат дека нема повредени лица, но не информираат дека станува збор за член на Судскиот совет.
“На 04.04.2024 во 23.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улица „Драгојло Диндиќ“ во Куманово настанал пожар во паркирано патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на М.С.(42) од Куманово. Екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово го изгаснала пожарот, а повредени нема. Увид бил извршен од екипа на СВР Куманово.“, стои во соопштението на МВР.
Фото: Сдк.мк