Пет автомобили изгореа во пожар што избувна под Скопското Кале. Нема информации за жртви.
Огнот избувна на поранешниот полигон за полагање возачки испит, а бежше изгаснат со интервенција на пожарникарите.
На терен се присутни и полициски екипи, по што МВР ја информираше јавноста за инцидентот:
– Околу 13 часот и 25 минути во СВР Скопје е пријавено дека на дивиот паркинг кај поранешниот полигон настанал пожар пришто горела сува трева. Притоа од пожарот опожарени се пет моторни возила.
Повредени лица нема. Пожарот е локализиран, а по насоки на инспектор од СВР Скопје, се повикуваат сопствениците на возилата кои ги оставиле на дивиот паркинг. Ќе се врши увид и документирање од страна на СВР Скопје”- соопштија од МВР.
Фото: Фокус