Балансерот за вработување на администрацијата, особено за малцинствата, е предмет на злоупотреби, но и обвинувања меѓу власта и опозицијата, но и албанските партии.
Стефан Андоновски, дополнителен заменик- министер за информатичко општество од ВМРО- ДПМНЕ најавува укинување на балансерот, доколку оваа партија дојде на власт, додека министерот за информатичко општество Наим Бајрами се спротивставува на ваквиот пресврт.
Гости во 25 минути се Стефан Андоновски, дополнителен заменик-министер за информатичко општество и администрација, Наим Бајрами- министер за информатичко општество, Флоријан Блази, заменик директор за администрација на ЕУПАН.