Утрово изби пожар во Универзална сала во Скопје, која после неколку години започна да се реконструира.
Од Центарот за управување со кризи информираат дека гори една од куполите на објектот и дека пожарникарите се на самото место и се обидуваат да го изгаснат пожарот.
Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов гостуваше во студиото на „Слободен печат“ каде во интервјуто изјави дека го видел пожарот на самиот почеток и дека употребата на хеликоптер е ограничена затоа што во околината има високи згради што ја ограничуваат оваа опција.