МНР формира кризен штаб за извлекување на македонски државјани од Израел и регионот по нападот од Иран
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, упати најостра осуда за масовниот напад на Иран врз Израел во текот на ноќта, што може да доведе до дополнителна ескалација на состојбите во Блискиот Исток.
-Го осудуваме овој напад како што ги осудивме и претходните, и како што ќе ги осудиме и евентуалните следни одмазднички напади кои се најавуваат. Насилството раѓа насилство, а овој повторувачки круг на одмазда неповратно ја ескалира состојбата во регионот, која многу лесно може да се прошири; повикуваме на итно стопирање на сите насилства, затоа што ако сега не се прекине со насилството од одмазда, состојбата наскоро ќе ја помине точката од која враќање назад – нема, изјави Османи на денешната прес конференција.