После речиси една година, од 12. мај кога избувна голем пожар и беше сосема затворен, за потоа да биде само делумно отворен, мостот Беласица од денеска е целосно отворен за сообраќај.
По направените безбедносни тестови, мостот кој ги поврзува железничката и автобуската станица со „Ист Гејт Мол“, и кој беше еден од важните мостови во Скопје, повторно е отворен.
Мостот беше делумно пуштен во употреба во септември минатата година, по што сообраќајот се одвиваше по една коловозна лента, но со дозвола само за лесни возила.