Прво Србија, сега и Хрватска – се кренаа жртвите – актерки и студентки, против моќниците кои силуваат и сексуално злоупотребуваат
Се започна со моќниот американски продуцент, Харви Вајнстин. Во 2017 , Њујорк Тајмс и Њујоркер ја отворија Пандорината кутија- тајните на децениски силувања, сексуални злоупотреби, изживувања и уништувања на актерски кариери, бројката изнесува повеќе од 80 жени- негови жртви. На крај, тој заврши во затвор, и тоа беше почеток на бран на светското движење, на кампањата Me Too, или И јас исто така.
Беа охрабрени жени, но и мажи да ги споделуваат своите приказни на сексуални злупотреби, додека паѓаа моќници од сите бранши- не беа во прашање само продуценти или холивудски магови- се делеа оставки на славни професори, телевизиски легендарни водители, новинари- низ целиот свет. Сега е време за регионот- случајот со српскиот професор по глума, Мика Алексиќ и десетици, којзне колку негови жртви, актерки, студентки, но предизвика ист земјотрес и во Хрватска, каде никој повеќе не сака да молчи. Во ова издание на 25 минути, разговаравме со Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншки Комитет, Драгана Дрндаревска, правна советничка во Маргини, Ирена Цветковиќ, извршна директорка на Маргини, Румена Бужаровска, писателка и професорка на Универзитет Св. Кирил и Методиј и новинарката Јована Глигоријевиќ од српскиот неделникот Време која ја опиша наелектризираната атмосфера во Србија.