Огромната партиска машинерија со години произведува и нартупува нефункционален, непрофeсионален и неквалитетен кадар во сите сфери од јавниот сектор.
Јавната администрација е преполна со партиски активисти и послушници кои за замена добиле комфорно работно место без да се води грижа за штетата која е направена.
Гости во новото издание на 25 минути се Соња Кочоска, медицинска сестра од Струга, која 17 години чека вработување, прескокнувана и дискриминирана со партиски вработувања, Марина Поп Панкова, актерка, министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, новинарката Биљана Жикиќ од Словенија, Ацо Костов, директор на Управата за заштита на културното наследство (УЗКН) и Ненад Марковиќ, политиколог и професор на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
Секоја недела во 17 и 45 часот на ТВ 24.