Човекови права: Македонија – Бугарија
Доколку се следат случаите во кои граѓаните на една држава, последната надеж за правда ја гледаат во Стразбур, тоа доволно говори за судскиот систем и имиџот на државата во поглед на сеопфатно почитување на човековите права.
Бугарија, заедно со Русија, Турција, Унгарија и уште шест други европски држави е помеѓу десетте најосудувани земји во 2022 година пред Европскиот суд за човекови права. Од 27 пресуди, Бугарија загубила во дури 25 случаи.
Бугарските власти имаат рок до мај да поднесат извештај што е направено во однос на случаите кои државата ги загубила. Најмногу од нив се однесуваат на македонските здруженија кои повеќе од една деценија ги добиваат пресудите во Стразбур.
Гости во 25 минути се Стојко Стојков, копретседател на ОМО Илинден, Звонимир Јанкуловски, поранешен амбасадор во Совет на Европа, и Тони Гламчевски, новинар, Нанс, Франција.