Жителите на Коњари со денови протестираат против ископувањето на песок во близина на реката Пчиња, бидејќи како што велат, ископувањето им го загадува воздухот, почвата и водата, а им го загрозува и животот. Тие се пример на мобилизација на граѓаните кога е загрозена нивната непосредна животна средина.

Гости во 25 минути се Сретен Стојковски, директор на Државен инспекторат за животна средина, Сали Бузаку, директор на ОУ „Братство и Единство“, Азим Керими и Раде Спасевски, жители на селата Средно и Горно Коњари, Општина Петровец