Канндидатот за претседател на Друштвото на писатели, Блаже Минески, во отворено писмо до јавноста ја повлече својата кандидатура, пишувајќи дека оваа одлука ја донел по емисијата на „25 минути“ „Друштвото на писатели има два Статути- еден пред Законот, другиот за членовите и јавноста“. Веднаш по него, се повлече и писателот Иван Антоновски, кој се кандидирапе за претседател на Собранието. По неколку дена, изборот за раководство на Друштвото на писатели доживеа дебакл, немајќи го потребниот кворум.
Оваа емисија ги анализира законските процедури по истражувањето на „25 минути“ за манипулациите со Статутите на Друштвото на писатели- гостин е адвокатот Александар Новаковски, кој вели дека Статутот е Устав за една невладина организација, здружение, додека непочитувањето на законите повлекува одредени последици.
Од Франција, репортерот Тони Гламчевски ги анализира состојбите со законските процедури во Друштвото на писатели во Франција.