25 минути

Резолуција од САД за поддршка на македонските евроинтеграции



Сенатот на САД донесе Резолуција за поддршка за датум за почеток на преговорите на на ЕУ со Македонија, без дополнителни билатерални услови.

„Северна Македонија останува важен безбедносен партнер на Европска Унија и САД и НАТО сојузник, обезбедувајќи ја Украина со хуманитарна помош и значителна воена опрема, гласајќи во корист на Советот за безбедност на Обединетите нации и резолуциите на Генералното собрание против руската агресија, усвојувајќи ги сите руски санкции од Европската Унија“- стои во Резолуцијата.

Според министерот за надворешни работи, Бујар Османи, Резолуцијата на Сенатот на САД со која се реафирмира поддршката за отворање на првиот преговарачки кластер на Европската унија со Северна Македонија, без дополнителни билатерални услови, е само охрабрување за земјава, но и порака до ЕУ.