Децата што примиле три дози вакцина против голема кашлица во последниве 6 месеци, да се вртат во градинка
Децата што примиле три дози вакцина против голема кашлица во последните шест месеци ќе може да се вратат во градинка, но постои сепак услов- мора да се ревакцинираат , и тоа во наредните шест месеци. Овој рок за ревакцина сега е скратен на 6 месеци, наместо досегашниот, на една година.
Петличковски оценува дека состојбата со голема кашлица во земјава не е добра и не е стабилна.
„Во оваа состојба сме се довеле заради многу години наназад неодговорно однесување на многу граѓани. Податокот дека 50 проценти од децата во градинките се невакцинирани е поразителен за државата. Тука мора многу да работиме. Имаме разбирање и научна поткрепа дека овој олабавен начин на проценка на имунитетот со трите дози помага. Но не знам до кога ќе остане. Сега имаме над 200 заболени во државата и тој број ќе расте. Можно е наредните недели да излеземе со построги мерки зависно од развојот на ситуацијата“, рече тој.