Државниот ревизор открива негрижа за културното наследство
Поради нередовна грижа, одржување и обезбедување се рушат кровови, пропаѓаат куќи и објекти од историско значење. Има недостиг на професионални лица, нова опрема и ресурси. Наместо вложувања се кратат буџетски средства, со што се уништува недвижното културно наследство, утврдиле ревизорите од Државниот завод за ревизија.
Која е причината за уништувањето на културното и историско наследство во земјава? Може ли државата сама да се избори за историското наследство преку кратење на финансиите за таа намена, но и зошто институциите за заштита на овие историски вредности не успеаја да ја искоренат партизираноста во нив?
Гости во 25 минути се директорот на Управата за заштита на културно наследство Аријан Асланај, советникот за културно наследство во Министерството за култура Афет Јашари, поранешниот директор на Управата за заштита на културно наследство Ацо Костов, и новинарот од Нанс, Франција, Тони Гламчевски.