Македонските пратеници – без отчет за привилегиите
Како по некое непишано правило, секоја година македонската јавност ја брануваат сумите кои одредени народни претставници ги земаат во вид на патни трошоци од Собранието. Математиката вели, оној кој живее најдалеку од Скопје, зема и најголема сума.
И додека реакциите на социјалните мрежи од страна на граѓаните, претежно отсликуваат разочарување од именуваните пратеници, сатирата е исто така неизбежна одлика за огромните суми кои завршуваат во одредени џебови.
73 пратеници од вкупно 120-члениот Парламент, во 2022 година наплатиле 360.000 евра за патни трошоци. Дури 18 од овие 73 пратеници, имаат најмалку по еден стан во главниот град.
Љубица Спасова од СДСМ и Јадранка Поцкова од ВМРО пратенички со кои разговаравме одбиваат да ги објаснат трошоците и велат дека новинарите ги напаѓаат пратениците со тоа што објавуваат податоци за патни трошоци и дневници, кои им следувале по закон.
Но, некои од пратениците воопшто не земаат збор на собраниската говорница, или едвај еднаш до двапати ги видела јавноста.
Гости во 25 минути се Талат Џафери, претседателот на Собранието, Неда Малеска, извршна директорка на Центар за управување со промени (ЦУП), поранешниот пратеник и министер за одбрана во Словенија, Роман Јакиќ.