Францускиот парламент го прогласи абортусот како уставно право на историската седница во палатата во Версај.
Од 925 пратеници и сенатори со право на глас, 780 го поддржаа амандманот, со кој на жените ќе им се даде „загарантирана слобода“ да изберат абортус.
Имаше громогласен аплауз во салата додека резултатот беше објавен, а Ајфеловата кула беше осветлена по овој повод со текстот- Мое тело, мој избор.