Специјалци го уапсија новинарот и сопственик на Портал Х, Фуркан Салиу, за време на фудбалски натпревар во селото Коњаре. Салиу е однесен во полициската станица Гази Баба.
Од Порталот Х информираа дека денешната акција на специјалната единица против новинарот Салиу е целосно насочена и циничен обид за притисок врз слободното новинарство што го практикува нивниот медиум.