Министерот за финансии Фатмир Бесими со месеци се чека да стави крај на земањето брзи кредити со туѓи лични карти. Заменик- народниот правобранител, Јован Андоновски, говори за угентноста од носење законска реулатива.
Министерот за финансии Фатмир Бесими не даде одговор на “25 минути” на барањето за интервју, во кое требаше да објасни зошто не става потпис да престане земањето брзи кредити со туѓи лични карти. Неколку дена по барањето за интервју, беше објавено дека сепак е донесен Правилник со кој ќе бидат оневозможени злоупотребите.
Новинарот Тони Гламчевски од Франција, известува дека не постои ЕУ земја каде се земаат кредити со туѓа лична карта.