25 минути

Европската комисија ексклузивно за 25 минути за скандалот М-НАВ: Да се истражи насилството

Еуро Контрол, организација во рамки на ЕУ за регулација на безбедноста на европската авијација, за 25 минути порача дека одговорноста за безбедноста на македонското небо е кај македонските власти, односно М-НАВ. Но, кој ќе преземе одговорност за упадот и физичкиот напад врз контролорите кои беа присутни во кулата за контрола на летање? Според пилотот Венко Биковски, по настаните изминативе недели, можеме да го изгубиме правото да управуваме со македонското небо.

Европската комисија ексклузивно за 25 минути порача дека следен чекор кој властите треба да го преземат е истрага на насилството, и потсети дека Северна Македонија е посветена на спроведување на законодавството на ЕУ за воздухопловна навигација.

Гостин во 25 минути е Венко Биковски, пилот и инструктор.